Инидија објави рекорден број на нови случаи на Ковид-19, 412.262 и рекорден дневен биланс на починати, 3980.
Во втората по бројност земја во светот, бројот на заразени со Ковид-19 надмина 21 милион, а досега починале 230.168 лица како резултат на коронавирусот.
Според светските медиуми, болниците се молат за кревети и кислород, а медицинските експерти велат дека бројот на жртвите може да биде пет до 10 пати поголем од официјалните податоци.
Светската здравствена организација (СЗО) во неделниот извештај соопшти дека скоро половина од сите случаи на коронавируси пријавени минатата недела ширум светот и една четвртина од смртните случаи се пријавени во Индија.
Ковид кризата е најтешка во главниот град Њу Делхи и другите градови, но во руралните области, каде што живеат скоро 70 проценти од 1,3 милиони луѓе во Индија, ограничената здравствена заштита претставува уште поголем предизвик.
„Ситуацијата во селата стана опасна“, рече Суреш Кумар, теренски координатор на добротворната организација за човекови права Манав Сансадхан Евам Махила Викас Санстан.
„Луѓето се исплашени и се собираат во своите домови со треска и кашлица. Ова се симптоми на Ковид-19, но многумина мислат дека тоа е сезонски грип бидејќи нема достапни информации“, велат од министерството за здравство.
Главниот научен советник во Индија предупреди на можен трет бран на заразени со коронавирус.
„Третиот бран е неизбежен со оглед на високото ниво на циркулирачки вирус“, рече главниот научен советник на владата на брифинг со новинарите .
„Но, не е јасно кога ќе дојде оваа трета фаза . Треба да се подготвиме за нови бранови“, рече тој.
Премиерот Нарендра Моди се најде на удар на критики затоа што не постапил навреме и правилно за да го задуши вториот бран, откако верските фестивали и политички митинзи привлекоа десетици илјади луѓе во последните неколку недели и станаа настани за „супер-ширење“ на вирусот.