Индија ја одобри руската вакцина против Ковид-19

пред 4 години

Индија ја одобри руската вакцина „спутник В“ против Ковид-19, објави голема локална фармацевтска компанија во земјата која има 1,3 милијарда жители, која повторно имаше најголем број новозаразени во светот.

„Имаме среќа што добивме одобрение за употреба на ‘спутник В’ во Индија“, рече Г. В. Прасад, генерален директор на компанијата „Д-р Реди лаборатори“, во изјавата пренесена од француската агенција „Франс прес“.

Индија потврди 161.736 нови инфекции со коронавирус, што е повторно највисок дневен рекорд во светот во земјата со потврдени 13,69 милиони заразени, според Министерството за здравство.

Бројот на починати од Ковид-19 се зголеми во Индија за 879 и сега изнесува 171.058, според најновите податоци на интернет-страницата на Универзитетската болница „Џонс Хопкинс“.

Сепак, бројките за заразени со ковид и починати во вторникот се обично пониски поради доцните резултати од тестовите објавени за време на викендот.

Индија регистрираше 168.912 случаи на зараза во понеделникот додека расте загриженоста за понатамошно ширење на инфекцијата со стотици илјади верници кои тргнаа кон ритуално капење во реката Ганг.

Share
Scroll to Top