Иравани за САД: „Ако сакаат војна, ние сме подготвени“

Иравани за САД: „Ако сакаат војна, ние сме подготвени“

пред 2 часа

Иран доби одредени сигнали дека САД би можеле да ја прекинат поморската блокада, но продолжувањето на преговорите зависи исклучиво од тој потег, изјави иранскиот амбасадор во Обединетите нации, Амир Саеид Иравани.

Зборувајќи во Њујорк, Иравани нагласи дека укинувањето на блокадата околу Ормускиот теснец е клучен предуслов за продолжување на дијалогот.

„Кога тоа ќе се случи, следната рунда разговори ќе се одржи во Исламабад“, рече тој.

Запрашан за одложувањето на патувањето на американскиот потпретседател Џ.Д. Венс, Иравани рече дека нема информации за тоа, но повтори дека Иран нема да учествува во разговорите додека блокадата продолжува.

Тој исто така рече дека Техеран е подготвен за двeтe сценарија.

„Ако САД сакаат политичко решение, ние сме подготвени. Ако тие сакаат војна, ние сме подготвени и за тоа“, рече тој.

Текстот Иравани за САД: „Ако сакаат војна, ние сме подготвени“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top