Иранец и Романка обвинети за обид за влез во британска нуклеарна база

Иранец и Романка обвинети за обид за влез во британска нуклеарна база

пред 9 часа

Иранец и Романка се обвинети за обид да влезат во британската база за нуклеарни подморници во Шкотска, објави шкотската полиција. Двајцата, кои британските медиуми ги нарекуваат осомничени ирански шпиони, беа уапсени во четврток, пренесува Ројтерс.

Обвиненијата доаѓаат три недели по почетокот на американско-израелската војна против Иран. Иако Велика Британија не учествува директно во нападите врз Иран, нејзините сили пресретнуваа и соборуваа ирански проектили и беспилотни летала во областа на Заливот.

Поморската база Клајд се наоѓа на западната обала на Шкотска и е од витално значење за британската безбедност. Во неа е сместена целата флота на нуклеарни подморници на Велика Британија, како и напаѓачки подморници.

Шкотската полиција соопшти дека 34-годишниот Иранец и 31-годишната Романка треба да се појават пред судот во Дамбартон на 23 март.

Текстот Иранец и Романка обвинети за обид за влез во британска нуклеарна база е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top