Иранскиот претседател Рохани: САД да ги укине санкциите

пред 3 години

Иранскиот претседател Хасан Рохани во настап за државната телевизија истакна дека е разочаран од досегашната работа на американскиот претседател Џо Бајден поради недостиг на напредок околу Договорот за нуклеарната програма и санкциите на Вашингтон.

„Се уште немаме видено добра воља кај новата Влада“, рече Рохани во интервју за државната телевизија.

Во настапот, тој го повика новиот американски претседател веднаш да ја прекине политиката на максимален притисок која ја воведе неговиот претходник Трамп и да ги укине „злонамерните“ економски санкции кон Иран.

Новата американска влада го повика Техеран да се придржува до нуклеарниот договор од 2015 година.

Трамп во 2018 го напушти тој договор и воведе нови санкции за оваа блискоисточна држава.

Рохани неколку пати порача дека сака да избегне понатамошна ескалација во спорот, но тоа ќе оди тешко се додека економијата во неговата земја е под санкции.

Share
Scroll to Top