Иран ќе стави на аукција два запленети танкери со нафта вклучени во шверц на нафта, објави денеска иранскиот весник Мизан.
„На аукцијата ќе бидат продадени два танкери со нафта, Сага 2 и Ариана“, изјави ирански функционер на правосудството, пренесе Ројтерс.
Во октомври 2022 година, Иранската револуционерна гарда го заплени бродот Аријана, под знаме на Панама, кој превезуваше 11 милиони литри шверцувано гориво во Заливот, објавија иранските државни медиуми.
Текстот Иран на аукција стави два запленети танкери со нафта е превземен од МАКФАКС.