Амбасадата на Иран во Таџикистан објави видео направено со вештачка интелигенција на кое Исус го удира американскиот претседател Доналд Трамп.
Ова е реакција на фотографијата што Трамп ја објави на својата социјална мрежа Truth пред неколку дена. На сликата, Трамп во улога на Исус лекува човек на болен кревет. По жестоките критики, Трамп на крајот ја избриша сликата, а пред медиумите се оправда дека „мислел дека изгледа како доктор“.
По еден ден, тој објави и фотографија на која Исус го прегрнува.
Иран ја искористи целата ситуација и направи своја верзија на сцената од сликата. Во видео направено со вештачка интелигенција, а објавено на мрежата X, Исус лета од небото и го удира Трамп.
Текстот Иран објави видео со вештачка интелигенција на кое Исус го удира Трамп е превземен од МАКФАКС.





