Иран отвори нов подземен објект за складирање ракети

пред 3 години

Иранската паравоена револуционерна гарда денеска отвори нов подземен објект за складирање ракети, објави иранската државна телевизија.

Во извештајот се цитира командантот на гардата Хосеин Салами, кој рече дека крстаречките и балистичките ракети дополнително ќе ги зајакнат поморските сили, пренесе АП.

Државната телевизија прикажа голем број проектили во затворен простор, што потсетува на подземен коридор, но не соопшти каде се наоѓа објектот или колку ракети се складирани таму.

Share
Scroll to Top