Иран наскоро ќе го казнува чувањето миленичиња и шетање кучиња, објавија локалните медиуми.
Партиите кои стојат зад ваквата иницијатива во парламентот подготвија нов закон со кој шетањето на кучиња ќе се санкционира со високи казни, а на три месеци ќе се одземаат автомобилите во кои се возеле домашни миленици.
Покрај тоа, издавачите на станови нема да можат да изнајмуваат куќа или стан на сопствениците на домашни миленици.
Според исламот, чувањето миленичиња во куќата се смета за нечисто, но иранските свештеници отидоа чекор понатаму верувајќи, на пример, дека шетањето кучиња предизвикува паника кај населението.
Полицијата неколку пати се обиде да ја воведе забраната, но таа не се реализираше, па сега првпат се воведува со закон, пишуваат медиумите во светот.
Но, познавачите на ситуацијата во Иран очекуваат сопствениците на домашни миленици да го игнорираат законот, исто како и претходните забрани.