Ирска од утре ќе ги укине речиси сите ковид-рестрикции

пред 2 години

Ирска од утре ќе ги укине речиси сите ограничувања во однос на Ковид-19, вклучително и мерките кои се однесуваат на угостителскиот сектор, ограничувања на спортските настани и барањата за доказ за вакцинација при влез во затворени простории, изјави денеска министерката за правда, Хелен Мекинти.

Владата ќе ја задржи обврската за носење маски во јавниот превоз и продавниците до крајот на февруари, како и некои мерки во училиштата, рече Мекинти во видео објавено на „Инстаграм“ по седницата на ирската влада, пренесе „Ројтерс“.

Share
Scroll to Top