Исак Херцог положи заклетва за нов претседател на Израел

пред 3 години

Поранешниот лидер на лабуристите Исак Херцог положи заклетва за претседател на Израел.

Тој вети дека ќе ја искористи оваа главно церемонијална улога за да се обиде да ги излечи длабоките поделби во израелското општество, објави „Ројтерс“.

На церемонијата во израелскиот парламент, пред да даде заклетва, Херцог го прегрна претседателот во заминување Реувен Ривлин, што беше проследено со аплауз од пратениците.

„ Оттука, ќе одам во претседателската резиденција и ќе го започнам патувањето низ пукнатините и празнините во израелското општество. Целта на тоа патување е да се најде факторот за помирување на разликите и поделбите и повторно да се откриеме“ рече Херцог во своето обраќање.

Тој беше поразен од поранешниот премиер Бенјамин Нетанјаху на изборите во 2015 година, а беше избран за претседател во парламентот во јуни годинава, неколку дена откако Нетанјаху беше отстранет од власта од коалицијата предводена од новиот премиер Нафтали Бенет.

На крајот од својот говор, Херцог вети дека ќе се бори против антисемитизмот, ќе бара мир меѓу Израел и соседите и ќе помогне во борбата против стратешките закани за Израел, што е пред се нуклеарна програма на Иран.

Share
Scroll to Top