ИСИС уби 11 ирачки војници додека спиеле

пред 2 години

Вооружени борци на Исламската држава нападнаа касарна во планинска област северно од Багдад во четвртокот, убивајќи 11 војници додека спиеле, соопштија ирачките власти.

Засега не се познати точните детали за нападот, но двајца функционери изјавија за АП дека милитантите упаднале во касарната во 3 часот наутро по локално време и ги убиле војниците.

Тоа е еден од најсмртоносните напади врз ирачката војска во последните месеци.

Share
Scroll to Top