Источните германски покраини бараат да се одобри руската вакцина „спутник В“

пред 3 години

По привремената суспензија на вакцината на „Астра зенека“ во Германија, премиерите на источните провинции предлагаат употреба на руската вакцина против коронавирус „спутник В“.

„Кога станува збор за здравјето на граѓаните, потеклото на вакцината не треба да игра никаква улога“, рече премиерот на провинцијата Саксонија-Анхалт, Рајнер Хаселхоф.

Во борбата против коронавирусот е добредојдена секоја вакцина што е безбедна и ефикасна, додаде тој.

Неговиот колега од провинцијата Тирингија, Бодо Рамелов смета дека е важно надлежните органи конечно да се соочат со темата „спутник В“.

Тој истакна дека не сака никакво политичко одобрување на вакцината, но и отфрлање од политички причини.

„Русија е голема земја на науката, која несомнено е во состојба да развие ефикасна вакцина“, вели премиерот на Саксонија, Мајкл Кречмер.

Тој истакна дека „спутник В“ треба да добие одобрение за употреба во Германија.

Share
Scroll to Top