Исчезнал 25-годишник на Лефкада

пред 2 години

По немилите настани кои викендов доаѓаа од халкидики и веста дека три момчиња од земјава исчезнаа во водите на Егејско море (двајца од нив се живи и здрави, по третиот се уште се трага), нова вест од соседна Грција дека е исчезнато момче на плажата Милос, на Лефкада.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

На Фејсбук групата „Грчка Инфо“ синоќа е објавен статус дека момче на возраст од околу 25 години исчезнало во водите на Јонското море на плажата Милос на Лефкада. Има инфо и од грчките медиуми.

„Тажен залез на сонцето на Милос плажата… Во водата исчезна момче од околу 25 години, просто само исчезна, а брановите воопшто не беа големи. Како да го проголта морето, потрагата на плажата траеше цело попладне заедно со полицијата и нуркачка спасувачка служба, но на крајот на денот ништо… Ако некој има информации нека напише, П.С. струјата беше малку посилна отколку претходните денови“ – пишува во објавата на Фејсбук групата.

Share
Scroll to Top