Италијанската полиција уапси 26 лица и одзеде 50 милиони евра

пред 4 години

Италијанската полиција уапси 26 лица и одзеде 50 милиони евра имот во акцијата спроведена низ цела Италија против членови на наполитанската мафијашка организација „Камора“.

Членовите на Камора беа уапсени во Неапол, Салерно, Империја, Косенца, Анкона и регионот Емилија, пренесува Анса.

Во акцијата учествуваа две групи од Камора кланот-Фаброкино и група предводена од Росарио Џулијано, кој моментално се наоѓа во затвор од каде што управува со групата со помош на неговата девојка Тереза ​​Капуто, соопшти полицијата.

Се наведува дека за време на затворските посети, таа добила упатства како да управува со групата.

Полицијата навела и дека во Поџомарин биле откирени 62 експлозивни направи, кои биле користени за заплашување.

Полициската акција расветли неколку случаи на изнуда и заплашување, како и трговија со дрога што се доставуваше до кланот Ндрангета од Калабрија, за кој се вели дека ја контролира трговијата со кокаин во Европа.

Share
Scroll to Top