САД и Русија мора да разговараат за да се обидат да стават крај на борбите во Украина, изјави денеска италијанскиот премиер Марио Драги, ден по средбата со американскиот претседател Џо Бајден.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Има толку многу можности, но прво е неопходно Русија и САД да седнат на маса“, рече Драги, пренесува Ројтерс.
Премиерот Драги на прес-конференцијата рече дека тој и Бајден препознале дека патот кон мирот е многу комплициран, но дека секој треба да вложи напори да им помогне на Русија и Украина да го прекинат конфликтот, наведува британската агенција.