Италијанскиот претседател Серџо Матарела положи заклетва за втор мандат

пред 2 години

Серџо Матарела (80) денеска положи заклетва пред двата дома на парламентот и го презеде вториот мандат како претседател на Италија.

Реизборот на Матарела, кој првично не сакаше да се согласи на нов седумгодишен мандат, донесе привремена издишка од тензиите во рамки на широката владејачка коалиција во Италија, по една недела неуспешни oбиди за избор на нов претседател.

Матарела минатиот викенд изјави дека актуелната криза поради коронавирусот и тешките економски и социјални услови во Италија значат дека негова должност е да ја прифати одлуката на парламентот да биде реизбран.

Матарела, кој е од Сицилија, ја доби довербата на Италијанците со своите тивки, мирни и умерени јавни настапи и начинот на кој ги решаваше политичките кризи и здравствените проблеми.

Тој првпат ја презеде претседателската функција на 3 февруари 2015 година.

Share
Scroll to Top