Италијанските безбедносни сили уапсиле речиси 100 лица во операција против мафијата

пред 3 години

Речиси 100 лица беа уапсени рано утринава во јужниот италијански регион Апулија како резултат на огромната операција против организираниот криминал, соопштија од воената полиција, италијанските карабинери, пренесува „Спутник“.

Акцијата под кодно име „Вортиче маестрале“ беше спроведена во градот Бари со заеднички напори на специјалните полициски единици и карабинерите, со координација на локалниот Директорат за истрага против мафијата. Мерките се насочени против моќниот мафијашки клан Стришуљо, кој ги контролира речиси сите криминални активности во областа Бари.

Органите за спроведување на законот испратија 96 лица во затвор, а уште тројца се ставени во домашен притвор. Сите се обвинети за вмешаност во мафијашки активности, трговија со дрога, изнуда, нанесување тешки телесни повреди, недозволено држење и носење оружје и други кривични дела. Вкупно, 147 лица се приведени во рамките на случајот.

Апсењата се дел од долготрајната истрага која детално ја утврди и документираше криминалната хиерархија и методите на контрола на гангстерите во областа од 2015 година до сега. Имено, некои криминалци вклучени во овој случај добија налози за апсење в затвор, каде што веќе издржуваат казни за други кривични дела.

Share
Scroll to Top