Италијански град го менува името за да привлече туристи

Италијански град го менува името за да привлече туристи

пред 3 часа

Италијанскиот приморски град Валекрозија ќе го смени името во „Валекрозија на морето“ за да им биде појасна неговата локација на туристите, беше одлучено на референдум чии резултати беа објавени денес, јави Хина.

Промената на името на градот со околу 6.800 жители на италијанската ривиера, близу границата со Франција, доаѓа по векови во кои градот се викал Валекрозија. Неговата историја датира од римско време, а се споменува уште во средниот век.

Околу 55 проценти од испитаниците ја поддржале промената предложена од градоначалникот Фабио Пери, кој е на функција од минатата година. Него го иритирал фактот што „Valle“ во името ги наведувал интернет-пребарувачите да го пронаоѓаат градот во внатрешноста.

Ништо друго нема да се промени – поштенскиот број и грбот ќе останат исти, но општината го утројила својот туристички буџет за оваа година.

Лигурскиот брег, каде што се наоѓа Валекрозија, е една од најпопуларните италијански туристички региони.

Текстот Италијански град го менува името за да привлече туристи е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top