Италија воведува петдневен карантин за патниците од ЕУ

пред 3 години

Италија ќе воведе петдневен карантин за патниците кои доаѓаат од земјите членки на ЕУ, велат извори од Министерството за здравство.

Сите што доаѓаат од ЕУ ќе треба да направат тест пред поаѓање, да бидат во петдневен карантин и да го повторат тестот потоа, што веќе е во сила за земјите што не се членки на ЕУ. Оваа мерка важи за сите оние кои заминуваат и доаѓаат на полуостровот, дури и за италијанските граѓани, додаде Министерството одговарајќи на прашањето на агенцијата „Франс прес“.

Но, сè уште не е познато кога мерката ќе стапи на сила, а за велигденскиот викенд, кој започнува во сабота и завршува во понеделник, странските туристи традиционално доаѓаат во Италија.

Поголемиот дел од земјата во моментов е под строги епидемиолошки мерки за запирање на третиот бран на пандемијата (баровите и рестораните се затворени за посетители, движењето е ограничено…).

Покрај тоа, целиот полуостров ќе биде прогласен за црвена зона со висок ризик од зараза и со најголеми можни ограничувања за време на велигденскиот викенд. Пандемијата досега уби повеќе од 108.000 луѓе.

Share
Scroll to Top