Италија забрани вештачко месо: Доста ни е од оваа зелена глупост

Италија забрани вештачко месо: Доста ни е од оваа зелена глупост

пред 6 месеци

„Италија ќе ја забрани синтетичката храна“, изјави италијанскиот министер за земјоделство, Франческо Лолобриџида, на настанот организиран од европските конзервативци и реформисти.

„Италија ќе биде првата нација без синтетичка храна, а со тоа сакаме да станеме пример за другите како да ја регулираат таа индустрија“, рече Лолобриџида на собирот во Ирска наречен „Традиции и иновации: Конзервативна иднина за европските фармери“, кој ги собра водечките конзервативни политичари.

Италијанскиот министер посочи дека е недозволиво квалитетната храна да се резервира само за богатите.

Со него во голема мера се согласи и европскиот комесар за земјоделство, Јануш Војчеховски, кој додаде дека тој се залага за традиционално земјоделство и дека синтетичкото месо не е месо, како што синтетичкото млеко не е млеко.

„Користењето на името природен производ за нешто што е синтетичко, според мене, не е добра насока“, рече тој истакнувајќи дека Европската комисија издвојува повеќе од шест милијарди долари за благосостојбата на животните и традиционалното земјоделство.

Сепак, како што пишува „Еурактив“, земјоделскиот модел што го предлагаат конзервативците е спротивен од оној што го усвои ЕУ.

„Фармерите, одгледувачите и рибарите плаќаат многу висока цена за идеолошката глупост на Европскиот зелен договор, кој ги казнува производителите со цел намалување на емисиите, што само ќе доведе до намалување на производството на храна“, објасни европратеникот Карло Фиданка.

Текстот Италија забрани вештачко месо: Доста ни е од оваа зелена глупост е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top