Италија само со една доза ќе ги вакцинира луѓето кои се опоравиле од Ковид-19

пред 3 години

Италија ќе им дава по само една доза вакцина на оние кои веќе биле заразени со Ковид-19, соопшти Министерството за здравство.

„Една доза на вакцина може да се земе предвид во случаи кај лица кои претходно имале инфекција со Ковид-19, симптоматска или асимптоматска“, се наведува во соопштението.

Препораката се однесува на лица со дијагностициран ковид пред три до шест месеци.

Франција и Шпанија објавија слична политика минатиот месец, а се чини дека овој потег е насочен кон заштеда на вакцини и зголемување на залихите, бидејќи земјите од ЕУ се борат да ги спроведат своите кампањи за вакцинација, поради намалувањето на набавките наметнато од производителите на лекови.

Италија, со околу 60 милиони жители, даде 4,76 милиони дози вакцина до вторникот наутро, а околу 1,5 милиони луѓе ги примиле препорачаните две дози.

Share
Scroll to Top