Италија се соочува со нов бран од коронавирусот, предупреди премиерот

пред 4 години

Италијанскиот премиер Марио Драги изјави дека поради наглиот пораст на новозаразени лица со коронавирус во Италија, потребна е максимална претпазливост.

„За жал, една година по почетокот на вонредната состојба, се појавува нов бран на инфекција“, рече Драги за време на посетата на центарот за вакцинација на аеродромот во Фјумичино.

“Имавме повеќе од 150.000 инфекции минатата недела. Во споредба со претходната недела, кога беа евидентирани 131,000, тоа доведе до дополнителни скоро 5000 луѓе во болници и 600 во единици за интензивна нега. Овие бројки значат дека треба да бидеме крајно внимателни и да спречиме преоптоварување на болниците “, рече Драги.

Денеска беше објавено дека Италија ќе биде под целосен карантин за Велигденскиот викенд.

Продавниците со непотребни производи ќе бидат затворени од 3-ти до 5-ти април. Овие денови на Италијанците ќе им биде дозволено да ги напуштат своите домови само за работа, здравје или итни случаи.

Нацрт-регулативата, која треба да биде донесена доцна во петок, вели дека од понеделник ограничувањата ќе бидат засилени и во жолтите региони, во оние каде ризикот од инфекција со Ковид-19 е мал.

И во нив движењето меѓу градовите ќе биде строго ограничено, а кафулињата и рестораните ќе бидат затворени.

Share
Scroll to Top