Во Италија во последните 24 часа од коронавирус починаа 462 лица, а 74.621 од почетокот на епидемијата, со што Италија стана земја со најголем број на смртни случаи во Европа.
Дневниот број на жртви во Италија остана висок повеќе од два месеца и покрај воведените мерки против епидемијата на коронавирус.
Во Италија, во последните 24 часа се потврдени 22.211 нови случаи, соопшти Министерството за здравство.
Италија започна со вакцинација против коронавирус, а приоритет имаат луѓето во домовите за стари лица и медицинскиот персонал.