И британскиот премиер Борис Џонсон ја прими првата доза од вакцината на „АстраЗенека“ со цел ги увери своите граѓани дека е безбедна.
„ Буквално ништо не почувствував, беше многу добро и многу брзо. Не можам повеќе да ви ја препорачам оваа вакцина“, изјави Џонсон.
Повеќе од 26 милиони Британци досега имаат примено барем една доза од вакцината против Ковид-19.
Пред Џонсон, денеска се вакцинираше и Жан Кастекс, кој го исполни ветувањето дека ќе се вакцинира со вакцината ако Владата одобри нејзина употреба.
Откако ЕМА даде зелено светло, Германија, Франција, Италија, Шпанија, Кипар, Летонија, Литванија и Канада најавија дека ќе продолжат со вакцинирањето со „Астразенека“.