Алина Кабајева, наводната љубовница на рускиот претседател Владимир Путин, е вклучена во предлогот на шестиот пакет санкции што Европската унија ги најавува против Русија поради инвазијата на Украина, потврдиле два европски дипломатски извора.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
Во оваа фаза на изготвување пакет санкции, секоја земја-членка на ЕУ може да додаде или отстрани од листата на санкционирани, изјавил извор од Европската комисија.
Предлогот за санкции и натаму не е официјално финализиран, но се очекува тоа да се случи денеска на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ што се одржува во Брисел.
„Сè уште расправаме. Ова не е мала работа, треба да видиме како сето тоа ќе испадне“, рекол еден од изворите.
Алина Кабајева, поранешна гимнастичарка, медиумите ја поврзуваа со Путин пред повеќе од 10 години. Рускиот претседател негира дека е во врска со неа.
Во април, Wall Street Journal објави дека американските власти дебатираат дали да ја стават на списокот со санкции или не, имајќи предвид дека таквиот потег може да ги ескалира тензиите уште повеќе бидејќи Кремљ може да го сфати како исклучително личен удар врз Путин.