И натаму нема трага од паднатиот авион во БиХ, во него биле Србин и Романка

пред 3 години

Малиот авион што исчезна вчера попладне во областа над планината Козара во БиХ сè уште не е лоциран.

Според АТВ, во авионот биле 34-годишен Србин и три години помлада Романка.

Во потрагата се вклучени полицијата на Република Српска, припадници на полициските оддели Приедор и Босанска Градишка, членови на Специјалната антитерористичка единица на Република Српска и на Републичката управа за цивилна заштита (РУЦЗ), како и локални ловци и планинари.

Синоќа на терен билe 50 припадници на специјалната единица за цивилна заштита под раководство на РУЦЗ. Потрагата продолжи утрово.

Share
Scroll to Top