И Чешка бара изземање од забраната за увоз на руска нафта

пред 3 години

Чешка привремено ќе побара ослободување од европското ембарго за увоз на руска нафта за да добие време за зголемување на капацитетот на нафтоводот, изјави денеска премиерот Петр Фиала.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Подготвени сме да ја поддржиме оваа одлука (за санкциите кои вклучуваат нафта), но Чешка да го добие потребното одложување за да ги зголеми капацитетите со кои нафтата може да се испорачува во Чешка“, рече Фиала.

„Се обидуваме да добиеме одложување за две или три години“, додаде тој.

Чешка се обидува да го зголеми капацитетот на нафтоводот ТАЛ, кој минува од Италија преку Австрија до Германија и чека дозвола од баварските власти. Исклучоци од санкциите на ЕУ претходно побараа Словачка и Унгарија.

Претходно денеска Европската комисија презентираше предлог за нови санкции против Русија, кои вклучуваат забрана за увоз на сурова нафта од Русија во рок од шест месеци и нафтени деривати до крајот на оваа година.

Амбасадорите на 27-те земји членки на ЕУ денеска не постигнаа договор, а преговорите ќе продолжат во четврток.

Словачка, која ја снабдува речиси целата своја сурова нафта од Русија преку нафтоводот „Дружба“ уште од советската ера, сака тригодишен преоден период. Унгарија најави дека не ги поддржува санкциите во предложената форма.

Денеска и Бугарија побара ослободување од ембаргото за увоз на руска нафта.

Share
Scroll to Top