Кадиров: Жив сум

Кадиров: Жив сум

пред 2 години

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров повторно ги отфрли шпекулациите дека е во лоша здравствена состојба во четвртокот вечерта.

На своите следбеници на социјалните мрежи им порача: „Лекарите велат дека имам тело на млад човек“, пренесува „Политико“.

„Ако пеам, тоа значи дека сум жив“, рече Кадиров, кој објави видео на кое пее. „Здравјето ми е добро, ситни поправки правам на секои три месеци, а поголеми поправки на секои шест месеци“, се пошегува тој.

Кадиров постојано беше принуден да ги отфрла шпекулациите дека страда од сериозни здравствени проблеми и бара план за наследување бидејќи се појавија фотографии и видеа на кои изгледа надуено и нејасно зборува.

На почетокот на овој месец Кадиров на руската државна телевизија тврдеше дека оди на лекарски прегледи на секои три месеци и дека единствениот проблем што го има е „благ недостиг на витамин Д“.

Во април Кадиров го покажа и режимот во сала за вежбање во обид да ги смири шпекулациите за лошото здравје.

Текстот Кадиров: Жив сум е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top