Кадиров објави дека Чеченците ја презеле контролата врз Попасна, Украинците негираат

пред 3 години

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави дека неговите војници презеле контрола над поголемиот дел од Попасна, град во источна Украина. Сепак, неговите тврдења беа демантирани од украинските власти, пренесе Дневен аваз.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

– Борците на чеченските специјални сили го ставија под контрола поголемиот дел од Попасна. Главните улици и централните делови на градот се целосно исчистени – напиша Кадиров.

Алексеј Арестович, советник на украинскиот претседател Володимир Зеленски, рече дека ова е 117-ти пат руските пропагандисти да објават дека го освоиле украинскиот град, за кој велат дека се уште се води борба.

Вчера гувернерот на Луганската област Серхи Гајдаи изјави дека украинските сили се уште ја контролираат областа и дека ситуацијата е многу тешка.

Share
Scroll to Top