Казахстанскиот претседател со наредба до војската да пука без предупредување

пред 2 години

Казахстанскиот претседател Касим-Џомарт Токаев изјави дека им наредил на безбедносните сили да пукаат без предупредување, јави Би-би-си.

Тоа е реакција на протестите кои неодамна избија во Алмати, најголемиот град во земјата, поради поскапувањето на енергенсите.

Би-би-си наведува дека и натаму се слушаат истрели во близина на главниот плоштад во Алмати.

$bp(“Brid_41549859”, {“id”:”26456″,”width”:”800″,”height”:”400″,”video”:”936283″,”autoplay”:0,”shared”:true});

Токаев додаде дека „20.000 бандити го нападнале главниот град“ и демонстрантите ги нарече „терористи“, иако не постојат докази за тоа.

Министерството за внатрешни работи на Казахстан соопшти дека во протестите биле убиени 26 „вооружени криминалци“ и 18 припадници на безбедносните сили.

Претседателот во обраќањето до јавноста отфрли секаква можност за преговарање со демонстрантите. „Какви преговори може да се водат со криминалци и убијци?“, запраша тој.

„Мораме да се справиме со вооружени и добро опремени бандити, локални и од надвор. Да бидам попрецизен, тоа се терористи. Мораме да ги уништиме и тоа ќе биде сторено брзо“, нагласи тој додавајќи дека мировни сили од Русија и соседните земји се дојдени во Казахстан привремено и на негово барање со цел да се обезбеди мирот.

Вакво насилство е невидено во земјата со која од советско време цврсто владее лидерот Нурсултан Назарбаев, чии политики продолжија и покрај тоа што се повлече од претседателската функција пред три години, со Токаев како негов наследник.

Share
Scroll to Top