Путин: Украинската контраофанзива пропадна, тие се во опасност доколку војната продолжи

Камерон го спореди Путин со Хитлер

пред 4 месеци

Британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Камерон, изјави дека „повторно сè личи на 30-тите, но со рускиот претседател Владимир Путин во улогата на Хитлер“ и додаде дека војната во Украина останува негов апсолутен приоритет.

„Ова е предизвик за нашата генерација. Ова е како да се биде министер за надворешни работи или лидер во Европа во 30-тите, не смееме да му угодиме на Путин, но мора да се спротивставиме на злото што го претставува неговата инвазија“, изјави Камерон за поткастот на порталот „Политико“.

Коментирајќи ја израелската војна во Појасот Газа, тој зборуваше за поддршка на одбивањето на Британија да повика на итен прекин на огнот.

„Мислам дека, едноставно, не би функционирало бидејќи ако сакате решение со две држави, ако сакате одржлив прекин на огнот, не можете да барате од Израелците да имаат решение за две држави со луѓето што ги извршија нападите во октомври и командуваат во Газа и може да лансираат ракети на нивната земја“, рече тој и додаде дека е „длабоко трогнат од страдањата на двете страни“.

Додаде дека посетил кибуц на југот на Израел и ги видел резултатите од нападот на 7 октомври, како и дека слушнал за случаи на страдање во Газа.

„Знаете, тоа е животот. Длабоко сочувствувам за сето ова, но јас сум многу практична личност и сакам да знам како ова да го доведеме до крајот“, изјави Камерон.

Текстот Камерон го спореди Путин со Хитлер е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top