Катар: Ниту еден производител не може да го замени рускиот гас во Европа на краток рок

пред 2 години

Катар предупреди дека ниту тие, ниту другите земји-производители немаат капацитет да го заменат рускиот гас течен природен гас доколку се прекине снабдувањето поради руско-украинскиот конфликт.

„Рускиот удел во снабдувањето на Европа, мислам дека е од 30 до 40 проценти. Ниту една земја не може да замени таков волумен, не постои капацитет за такво нешто во ЛНГ. Поголемиот дел од ЛНГ е поврзан со јасни долгорочни договори. Затоа е речиси невозможно да се замени толкаво количество гас за краток рок“, изјави катарскиот министер за енергетика, Саад ал-Кааби во Доха.

Министерот објасни дека според склучените договори само 10 до 15 отсто од продадениот гас може да се пренасочи кон Европа.

Share
Scroll to Top