Кај Марибор пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна тешка 200 килограми

пред 2 години

Неексплодирана бомба од Втората светска војна утрово е пронајдена при ископувања во близина на железничката станица Прагерско, на околу 20 километри јужно од Марибор.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

И тоа при реализација на проектот за надградба на локалниот железнички јазол. Бомбата тешка 200 килограми е деактивирана, соопшти полициската управа на Марибор, пренесе СТА.

За откривањето на бомбата полицијата била известена околу 10 часот, по што полициската патрола го обезбедувала теренот.

Националниот железнички оператор привремено го прекина сообраќајот меѓу Прагерско и Птуј, но не постоело директен ризик за луѓето.

Share
Scroll to Top