Кина: Американските тврдења дека Русија побарала од нас воена помош се дезинформации

пред 3 години

Кинеското Министерство за надворешни работи ја отфрли како дезинформација изјавата на американските функционери дека Москва му се обратила на Пекинг за помош во воена опрема за да ја продолжи инвазијата на Украина. Кина ги отфрли таквите тврдења на САД за време на редовниот брифинг за новинарите во Пекинг.

Русија побарала воена опрема од Кина по нејзината инвазија на Украина на 24 февруари, објавија во неделата некои светски медиуми, цитирајќи американски официјални претставници.

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан, кој во понеделникот се состана со највисокиот кинески дипломат Јанг Јиечи во Рим, рече дека Пекинг апсолутно ќе ги сноси последиците доколку и помогне на Москва да ги избегне западните санкции наметнати поради руската агресија врз Украина.

Русија и Кина ја зајакнаа соработката бидејќи се под силен притисок на Западот околу човековите права и низа други прашања. Пекинг не го осуди рускиот напад и не го нарекува инвазија, туку повика на решение преку преговори. „Вашингтон пост“ наведува дека неидентификувани американски функционери не го прецизирале типот на оружјето што се бара или како Кина реагирала.

Share
Scroll to Top