Кина ги забрани странските наставни програми во приватните училишта

пред 3 години

Кинеската влада денескa објави нови, построги ограничувања на наставната програма и сопственоста над приватните училишта. Новиот закон, кој стапува на сила на 1 септември, забранува странски наставни програми од градинка до деветто одделение и забранува странска сопственост над кое било приватно училиште со девет одделенија, пренесува „Ројтерс“.

Членовите на управниот одбор или кое било друго тело за донесување одлуки во приватно училиште со девет одделенија мора да бидат кинески државјани, а меѓу нив мора да има и претставници на кинеските регулатори, според Законот за унапредување на приватното образование објавен на владината интернет-страница во петокот.

Кина во моментов има приватни основни училишта (со девет одделенија) во кои наставата се одржува во согласност со домашните и странските наставни програми. Учениците од деветто одделение во Кина обично имаат околу 15 или 16 години.

Најновиот чекор, пишува „Ројтерс“, е последниот во низата мерки насочени кон засилување на контролата во брзорастечкиот образовен сектор во Кина.

Share
Scroll to Top