Кина загрижена од можното воведување санкции од ЕУ

пред 3 години

Кина е длабоко загрижена за можното воведување санкции на ЕУ по прашањето за човековите права, изјави денеска кинескиот амбасадор во ЕУ, Џанг Минг.

„Ние сме против мешање во туѓи внатрешни работи, против санкции и против неосновани обвинувања“, рече амбасадорот.

„Ние сакаме дијалог, а не конфликт. Бараме ЕУ да размисли двапати“, додаде тој.

Според европските дипломати, ЕУ на 22 март ќе санкционира четворица кинески официјални лица и еден ентитет, со забрана за патување и замрзнување на имот,
поради кршење на човековите права на ујгурското муслиманско малцинство во Кина.

Share
Scroll to Top