Кина затвори град на границата со Мјанмар поради 6 случаи на коронавирус

пред 3 години

Кинеските власти воведоа мерка за целосно затворање во градот Руили, на границата со Мјанмар, откако во него беа потврдени шест случаи на зараза со коронавирус, што е првиот нов кластер во последните два месеци.

Регистрирани се три асимптоматски случаи во овој град со 210.000 жители, објавија здравствените власти на провинцијата Јунан.

Руили ќе ги тестира сите свои жители за вирусот и сите ќе поминат седум дена во домашен карантин, се наведува во соопштението.

Во текот на претходниот ден, Кина регистрираше вкупно 11 нови случаи на зараза, додека пред два дена имаше осум.

Бројот на нови асимптоматски случаи за еден ден се зголеми од шест на осум. Кина не ги класифицира овие случаи како потврдени. Вкупниот број на потврдени случаи на инфекција со коронавирус во Кина е 90.201, а бројот на смртни случаи се уште е 4.636.

Share
Scroll to Top