Кина нема да воведува дополнителни царини за стоки од САД уште два месеца

Кина нема да воведува дополнителни царини за стоки од САД уште два месеца

пред 42 минути

Кина нема да воведува дополнителни царини од 24 отсто за стоки од САД во следните два месеца. Одлуката стапува на сила утре, но царината од десет отсто останува на сила, соопшти денеска кинеската влада.

Пекинг појасни дека со оваа одлука сака да ги спроведе резултатите и консензусот постигнати на средбата меѓу лидерите на Кина и САД во Вашингтон.

По средбата во Вашингтон во септември, двете земји предложија пакет за заемно намалување на царините во вредност од 60 милијарди долари. Пакетот вклучува и американски земјоделски производи во вредност од околу 17 милијарди долари.

Стабилизирање на односите со САД

Кина исто така наведе дека забележала оти американската страна во повеќе наврати изјавила дека има намера да ги искористи царините според „Дел 301“ како замена за царините воведени врз основа на „Законот за меѓународни вонредни економски овластувања“, кои беа прогласени за неважечки со судски одлуки.

Станува збор за намерата на САД да ги заменат царините, кои судовите ги прогласија за неважечки, со царини воведени врз друга правна основа.

Кинеската влада смета дека продолжувањето на суспензијата на одредени царини ќе помогне во стабилизирањето на односите со САД и ќе ја поттикне трговијата меѓу двете земји.

Текстот Кина нема да воведува дополнителни царини за стоки од САД уште два месеца е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top