Кина: Нема да гласаме за резолуцијата за Сребреница

Кина: Нема да гласаме за резолуцијата за Сребреница

пред 7 месеци

Претставникот на Кина во Обединетите нации денеска изјави дека земјата ќе гласа против нацрт-резолуцијата за Сребреница.

На седницата на Генералното собрание, каде се расправа за резолуцијата за Сребреница, тој рече дека „избрзаното“ гласање за нацрт-резолуцијата не е во согласност со духот на помирувањето во БиХ и регионот, ниту со желбата да се зачува мир и стабилност, поради што Кина нема алтернатива освен да гласа против нацрт-резолуцијата.

„БиХ е важна земја на Балканот и во заеднички интерес е БиХ да ја разбере важноста на хармоничен соживот и да го одржи мирот. Војните од 90-тите се темната страна на историјата и доведоа до смрт на цивили. Кина е за спречување на повторување на трагедиите, единството и солидарноста одат кон помирување“, рече тој.

Текстот Кина: Нема да гласаме за резолуцијата за Сребреница е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top