Кина денеска отвори нова брза железница во провинцијата Сечуан, која го поврзува главниот град на таа покраина Ченгду со градовите Цигунг и Џибин.
Брзата пруга Ченгду – Зигунг – Џибин, која има проектна брзина од 350 километри на час, има 12 станици по должината на рутата долга 261 километар во југозападна Кина.
Поради комплицираниот терен, новата пруга има 231 мост и 29 тунели, рече Џанг Жонгвеи, менаџер на компанијата за брза железница, Ченгду – Зигунг – Џибин, според Кинеското радио интернационал (CRI). Новата железничка линија е дополнување на постојната меѓу Ченгду и Гујанг, која има проектирана брзина од 250 километри на час.
Оваа пруга е дел од кинеската мрежа на брзи железници, која е фокусирана на околу осум главни вертикални линии што ги поврзуваат северот и југот и осум хоризонтални линии што ги поврзуваат истокот и западот на земјата, пренесува „Танјуг“.
Текстот Кина отвори нова брза пруга, возовите ќе се движат со брзина од 350 километри на час е превземен од МАКФАКС.