Кина ѝ се закани на Европската унија со контрамерки доколку Брисел усвои нови правила за зајакнување на европската индустрија, оценувајќи дека станува збор за дискриминација кон кинеските компании.
Предлогот на ЕУ, познат како „Произведено во Европа“, предвидува компании што конкурираат за јавни средства во стратешки сектори да исполнуваат минимални услови за делови произведени во Унијата.
Пекинг соопшти дека мерките би можеле да им наштетат на кинеските производители на батерии и електрични возила и предупреди дека ќе ги заштити интересите на своите компании со соодветен одговор.
Од друга страна, европските компании со години се жалат на нелојална конкуренција од силно субвенционирани кинески ривали, пренесе „Ројтерс“.
Текстот Кина ѝ се закани на ЕУ е превземен од МАКФАКС.





