Кинескиот претседател е „шокиран“ од авионската несреќа

пред 2 години

Кинескиот претседател Си Џинпинг изјави дека е „потресен“ од уривањето на патнички авион со 132 лица на југозападот на земјата и повика на истрага за несреќата, пренесоа државните медиуми.

– Шокирани сме кога дознавме за несреќата во China Eastern MU5735 – рече Џинпинг, пренесува државната телевизија CCTV.

Тој, исто така, повика на „сите напори“ за спасување и откривање на „причината за несреќата што е можно поскоро“.

Share
Scroll to Top