Кина повика на поголемо единство меѓу членовите на Шангајската организација за соработка, во која членуваат Русија, Индија, Иран и други земји, кои не се членки на НАТО.
„Треба да најдеме заедничка основа оставајќи ги настрана разликите“, рече претседателот Шји Џјинпинг на самитот во кинескиот пристаништен град Тјанџин.
Шји исто така ги осуди менталитетот на Студената војна и конфронтацијата на блоковите.
„Треба да се спротивставиме на менталитетот на Студената војна и на конфронтацијата на блоковите, како и на актите на заплашување“, рече тој во малку прикриена алузија на Соединетите Американски Држави, кои не ги именува ниеднаш во своето обраќање.
Кинескиот претседател нагласи дека Шангајската организација за соработка треба да ја преземе одговорноста за обезбедување мир, стабилност, развој и просперитет во целиот регион.
Тој ги истакна достигнувањата на организацијата вклучувајќи ја соработката во борбата против тероризмот и индустриските инвестиции велејќи дека членовите на Шангајската организација заедно генерираат годишен економски производ од речиси 30 билиони долари.
фото: принтскрин
Текстот Кинескиот претседател испрати порака до САД без да ги именува е превземен од МАКФАКС.