Кличко: Бројот на луѓе во градот драстично се намали, половина од жените и децата го напуштија Киев

пред 3 години

Градоначалникот на Киев и поранешен светски шампион во бокс Виталиј Кличко во интервју за „Скај њуз“ изјави дека бројот на луѓе во главниот град на Украина е драстично намален од почетокот на инвазијата.

– Пред војната, пред само два месеци, во градот живееле околу 2,5 милиони луѓе. Киев беше еден од најголемите градови во Источна Европа. Сега околу половина од жените и децата го напуштиле градот. Поголемиот дел од населението сега го сочинуваат мажи кои се подготвени да го бранат градот – рече Кличко, наведувајќи дека војната го уништила нормалниот живот во Киев.

Тој додаде дека би сакал луѓето да се вратат во градот, но предупреди на ризикот.

– Разговарам со многу луѓе. Сите сакаат да се вратат, но тоа е лична одлука. Ризикот е сепак доста голем и затоа им порачувам на сите кои сакаат да се вратат – почекајте уште малку да видите како ќе се развива ситуацијата – изјави Кличко.

Тој ги повика руските сили да ја напуштат Украина. Тој посочи дека украинските бранители се силни и пружаат таков отпор бидејќи се борат за иднината на украинските деца.

Share
Scroll to Top