Кличко стана почесен граѓанин на Варшава

пред 3 години

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, стана почесен граѓанин на Варшава, соопштија денеска од неговиот кабинет.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Како што се наведува, Градскиот совет на Варшава одлучил киевскиот градоначалник, Виталиј Кличко и поранешната градоначалничка на Варшава, Хана Гронкиевич Валц, да добијат статус на почесни граѓани на полската престолнина.

РИА Новости наведува дека некои пратеници на владејачката партија „Право и правда“ одбиле да гласаат.

Тие не се спротивставиле на Кличко да му се даде статус на почесен граѓанин, но биле против номинацијата на Гронкиевич Валц, кој е осомничена за кривични дела за корупција во областа на недвижностите.

Share
Scroll to Top