Ковид-пациент во Калифорнија убил цимер во болничката соба со резервоар за кислород

пред 3 години

Маж со коронавирус кој минатата недела со резервоар за кислород уби пациент во неговата болничка соба во Калифорнија е обвинет за убиство и злосторство од омраза, пренесува Би-Би-Си.

Џеси Мартинез (37) убил 82-годишен старец со кого ја делел болничката соба, откако неговиот цимер започнал да се моли, соопшти полицијата во Лос Анџелес. Мартинез посегнал кон резервоарот за кислород и го удрил старецот кој починал следниот ден.

„ Осомничениот се вознемирил кога жртвата започнала да се моли“, соопшти полицијата, додавајќи дека Мартинез е обвинет не само за убиство, туку и за злосторство од омраза и злоупотреба на стари лица.

И двајцата биле лекувани од ковид-19 во болница во градот Ланкастер во јужна Калифорнија, пренесува Би-Би-Си.

Share
Scroll to Top