Кокаин вреден 10 милиони евра запленет во близина на Неапол

Кокаин вреден 10 милиони евра запленет во близина на Неапол

пред 2 месеци

Италијанската полиција заплени повеќе од 80 килограми кокаин од камион во близина на Неапол, јави денеска италијанската новинска агенција АНСА.

Полицијата уапси 33-годишник и 47-годишник, кои беа фатени како пренесуваат 81,7 килограм кокаин, поделени во 70 дела, од камион во помало комбе во северните предградија на Неапол, јави АНСА.

Проценетата улична вредност на дрогата е речиси 10 милиони евра.

Полицијата вели дека ова е значаен удар врз организираниот криминал, пренесува италијанската агенција.

Текстот Кокаин вреден 10 милиони евра запленет во близина на Неапол е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top