Кокаин пронајден во пакети со банани во магацин во Подгорица

пред 3 години

Во магацинот на логистичкиот центар „Воли“ во Подгорица, пронајдена е сомнителна материја во пакет со банани, за која постои сомневање дека е кокаин, потврдија од „Подгорица њуз“.

Од повеќе извори на Полициската управа, за овој медиум велат дека полицијата била повикана од раководството на тој трговски синџир, по што била направена истрага.

Полицијата ќе истражува дали се работи за скап бел прашок и доколку е така како завршил во магацинот.

Оваа информација не е официјално потврдена или демантирана.

Партијата „Права Црна Гора“ објави дека има фотографии со пакувања банани кои, како што велат, содржат кокаин според сите индикации.

Партијата ги повика институциите итно да реагираат.

Share
Scroll to Top