Колумбиската морнарица пресретнала подморница со 800 килограми кокаин: вредноста на заплената е околу 27 милиони долари

Колумбиската морнарица пресретнала подморница со 800 килограми кокаин: вредноста на заплената е околу 27 милиони долари

пред 11 месеци

Колумбиската морнарица пресретнала подморница со речиси 800 килограми кокаин.

„Нарко-подморница“ долга 15 метри, прва откриена оваа година, е запленета во водите на Колумбија, јавува Би-би-си.

Морнарицата процени дека „уловот“ вреди 27 милиони долари и рече дека се верува дека подморницата била на пат кон САД или Европа.

Уапсени се три лица кои биле во подморницата.

Морнарицата објави дека пресретнала подморница која патувала низ Тихиот Океан во неделата.

На бродот имало пакувања со кокаин хидрохлорид, од кои многу го имале ликот на скорпија или биле означени со „Вини“ и „Карнал“.

Дрогата и осомничените се префрлени во Буенавентура, пристанишен град во Колумбија, соопшти морнарицата. Допрва ќе се соопштат дополнителни детали за осомничените.

„Со оваа заплена беше спречен профит од близу 27 милиони долари на организациите за шверц на дрога, како и дистрибуција на околу два милиони дози на улиците во светот“, беше соопштено од страна на надлежните.

Текстот Колумбиската морнарица пресретнала подморница со 800 килограми кокаин: вредноста на заплената е околу 27 милиони долари е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top